Двесте жители излекувани од ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со спречувањето на ширењето на коронавирусот, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на Фејсбук коментирајќи ги последните статистики во однос на справувањето со епидемијата.

Регистриравме и ден со поголем број излекувани од новозаразени. Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, пишува Спасовски.

Техничкиот премиер во објавата апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржат од групирања. Така, како што посочува, се создаваат услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.