Техничкиот премиер Оливер Спасовски достави предлог со кој се бара од пратениците разрешување на министерката Рашела Мизрахи.

Техничкиот премиер и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република  Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување на министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“ – велат во Владата.

До ваквата разврска доаѓа откако Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.