Благите казни не ги поколебаа фраерите да сопрат со дивеењето по улиците – напротив, само се зголеми бројот на „подвизи“ со кои се фалат на социјалните мрежи. Овојпат, на видеото споделено на „Твитер“ се гледа возач кој крева брзина од 240 километри на час, а за него се тврди дека е полициски инспектор.

Досега министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и МВР решија најмалку еден од објавените случаи на загрозување на јавната безбедност, но разврските се гледаат дури по неколку дена, откако видео ќе биде објавено на „Твитер“, иако претходно било објавено и прегледано многупати на „Тик-ток“. Во случајов, таму било објавено на 3 септември.

Спасовски, добра постава си вработил, порачува овојпат корисникот кој го открива мажиштето „Феки“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.