Техничкиот премиер Оливер Спасовски преку својот фејсбук-профил упати благодарност до сите кои се однесувале одговорно во текот на целиот изминат период.
Благодарност и признание на сите оние граѓани коишто многу одговорно се однесуваа во целиот овој период на здравствената криза и коишто впрочем помогнаа состојбата да се нормализира. Институциите на системот продолжуваат со такво едно функционирање коешто значи успешно справување со оваа криза, меѓутоа секој од нас мора да придонесе да имаме релаксирање на целата состојба околу кризата, напиша Спасовски.
За потсетување, само во јуни има 1.842 новозаболени, а 53 лица го загубија животот поради коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.