Утре и во вторник, владина делегација предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, ќе реализира повеќе активности во рамки на дводневната агенда, за време на посетата на Брисел, сооштија од Влада.
Спасовски ќе има свое обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот парламент Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија Оливер Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.