Првиот човек на МВР Оливер Спасовски упати директна порака до лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и до сите кои, како што рече, мислат дека со опструкции и саботажи ќе ги спречат во пресметката со криминалните структури“.

Бадијала се трудат. Нема да застанеме ниту да не поколебаме. Се соочивме со саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, но истата не успеа. Со тоа се можеше да се загрози се што беше сработено во период од повеќе од една година“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција посветена на денешната полициска акција во која обвинети се 10, а приведени 9 лица во истрагата за случајот „Мафија“.

Министерот посочи дека од ОЈО ќе побара мислење за делувањето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Откако овие обиди беа пресретнати се продолжува со лажни вести дека наводно акцијата била почната во периодот кога министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев, а потоа МВР не преземало ништо. Ова е целосна невистина, директно поврзана со обидот да се саботира акцијата. Оваа обемна акција е започната во месец февруари 2019-та година. За ваквите обиди за саботажа очекувам да се произнесе и Јавното обвинителство, изјави Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.