Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес – конференција информираше дека е сузбиена група која издавала македонски пасоши на странци со туѓ идентитет, кои не поседувале биометриски документи. Во групата биле вклучени лица кои работеле во управните служби во полицијата.
215 лица, од кои 214 странци и еден македонски државјанин на овој начин успеале да се стекнат со туѓ идентитет. Поддршка било и лице посредник. Станува збор за лица кои се членови на нарко катртерли, за кои има меѓународна потерница, односно лица со висок ризик.
Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.