Александар Спасов e предложен за претставник на Кабинетот на претседателот во Националниот совет за евроинтеграции.

Како што соопштија од Кабинетот, денеска до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски, беше упатено известување дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Воедно, Кабинетот побара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.