Што ќе се добие со разрешување и дисциплинирање и дисциплинирање на Стојко Пауновски и каква порака ќе се прати? Дали пораката е дека никој не смее да им се спротивставува и на најбизарните решенија на Владата? И дали таа ќе ги наградува само послушните, а ќе ги казнува одговорните и совесните?, прашува универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов преку социјалните мрежи.

Пуштил ли Стојко рогови?

Јас не мислам така.
Господинот Стојко Пауновски во овие месеци на криза беше на чело на…

Posted by Gjorgji Spasov on Friday, 23 April 2021

Тој застана во одбрана на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кој одбива да ги прими 35 рамковно вработените распоредени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој модел на дисциплинирање тешко може да се брани и оправда затоа што е во спротивност со она што се бара од раководителите на разни оддели во јавната администрација и со етичкиот кодекс во јавната администрација. Наредбата ако е во спротивност со личното уверување и со совеста дека со неа му се прави штета на општеството е подобро да не се почитува отколку да ве гризи совеста. Некои службеници во претходната влада и администрација што постапуваа строго по наредби, не побегнаа од одговорноста кога подоцна се утврди дека со извршувањето наредби направиле штета. Затоа треба добро да се процени дали овој вид отпор или ’пркос‘ на Стојко Пауновски е само личен хир од некои непознати причини или е сосема оправдан и ќе биде жртва на нечија поврдена суета и на лошото толкување за задолжителното почитување на хиерархијата во јавната администрација, вели Ѓорѓи Спасов.

Тој во објавата потсетува дека Пауновски рекол оти од 35 рамковно вработени кои биле распоредени во ДПИ само 12 ги исполнуваат елементарните критериуми, па продолжува:

Водејќи се од својата проценка дека тие 23 лица, кои немаат ниту соодветно образование за во Државниот инспекторат, ќе бидат повеќе штетни да доаѓаат на работа во Инспекторатот и тука да си ја земаат платата отколку да останат дома или да им се најде друго решение. Пауновски јавно се осмелува да каже дека нема да ја почитува таа одлука на владата дури и по цена да биде разрешен од функцијата.

Спасов посочува дека Пауновски најавил непочитување на владината одлука зошто сметал дека со тоа може би се решил еден, но се создава друг, уште посериозен проблем.

На сите им е јасно дека тие 23 недоволно квалификувани лица за во државниот инспекторат можел да ги прими со платите што и така им ги обезбедува владата и да ги смести по некои пренатрупани канцеларии во кои ќе немаат работа. Но, Стојко сметал дека со тоа ќе се поремети можеби работата дисциплината и чувството на еднаква ангажираност во Инспекторатот. И затоа се спротивставил, вели Спасов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.