Судијката Добрила Кацарска во „Правда и неправда“ се осврна на пресудата на Aбдулфетах Аљими, полицискиот службеник кој го спаси пратеникот Зијадин Села и кому му беше одредена затворска казна од 7 години.
-Треба да се разграничат работите, неспорен факт е дека Aбдулфетах Аљими допринесе да се спаси животот на Зијадин Cела, но истиот обвинет е полициски службеник кои на камерите јасно го гледаме кај влезните врати со клучеви во раката и пред прес салата каде беа тепани пратеници, новинари, полициски службеници ништо не преземаше што значи го направил кривичното дело, а спасувањето на Села е откако е сторено кривичното дело, но сепак судот не може а да не го цени тој факт дека е спасен човечки живот, но тоа не значи дека треба да добие ослободителна пресуда. Ако направите споредба на казните ќе видите со какви казни се осудени полициски службеници, оние кои кои примениле насилство и каква казна добил Аљими и затоа е несфатлива критиката на Села, разликата на таа казна е скоро половична, истакна Кацарска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.