Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на локалните избори го потврдија својот легитимитет, изјави во Топ Тема на Телма, универзитетскиот професор Александар Спасеновски, додавајќи дека таа победа на ВМРО-ДПМНЕ донесе оставка на Заев.
Според него покрај тоа една партија да ја исполни својата програма победата на избори е нешто што го очекуваат нејзините поддржувачи и членови и тоа е испорачано.
Ако зборуваме за раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, можеме да зборуваме за два периоди до локалните избори и по нив. Локалните избори се меѓникот заради тоа што процесот на јавна легимитимација на постоечкото раководство од аспект да испорача резултати односно победа на изборите, тоа беше потврдено со убедлива победа – рече тој.
Спасеновски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа, таа резултираше со оставка на претседателот на владата Зоран Заев и од неговото претседателско место во партијата.
Во таа смисла можеме да заклучиме дека тој легитимитет на Христијан Мицкоски и раководството околу него е потврден и затоа не треба да се очекуваат потреси. Можноста за правење на штета во партијата е драстично намалена – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.