Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето го спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево. Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.
– За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејќи има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејќи од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што ќе дојде за помош е добредојдено – вели жител на Пехчево.
Тој додава дека според негова процена штетата е катастрофална.
– Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. На пладне имаше страшни пламени јазици – вели тој.
Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4-те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.