Урбаното дивеење, катастрофалната инфраструктура, бетонизацијата и загадувањето на езерото се само дел од причините што денеска ги собра жителите на мавровскиот регион на предупредувачки протест.
Велат состојбата во регионот е аларманта, доколку ништо не се преземе, еден од најубавите предели во земјава ќе го изгуби и она малку што останало од препознатливиот сјај.Мавровчани побараа мораториум на градбите и носење на Детален урбанистички план..
Градежниот инспекторат од општина, да го спроведе решението за рушење на деветте дивоградби во склоп на ресортот Радика. И покрај добиено извршно решение Радика продолжува со градба, да се направи ревизија на сите градби околу Мавровско Езеро со претставници на иницјативниот одбор на граѓани и инспектори од иницијативниот одбор, велат од „Спас за Маврово“.
Маврово е национален парк, но сепак, велат, многумина тоа не го почитуваат. А, горлив проблем на граѓаните е тоа што во домовите немаат ниту капка вода иако ги плаќаат сите комуналии редовно. За патиштата велат дека веќе 20 години си ги кршат автомобилите на истите дупки. Но, сепак меѓу најголемите болки на жителите е што езерото се уништува пред нивните очи.
Оваа црква зад мене, во најдобрите денови на Мавровското Езеро беше покриена со вода речиси до самиот врв, сега езерото, кое беше гордост на овој предел е повлечено стотици метри, загадено е и полно со фекалии, се жалат мавровчани.
Тие бараат сите објекти околу езерото да направат пречистителни станици, а не сметот кој што се создава да го испуштаат во езерото да продолжи да го убива водниот свет.
Постоечката општина ни направи да не можеме да дојдеме до езеро, бидејќи езерото е загадено, да нема веќе ракови 15 години, рибата доживеа масовен помор. Имаме патна инфраструктура и по која со џип одвај се поминува, за со лесна кола и да не збориме.
Желбата на жителите е Маврово да се одвои од општина Ростуше, бидејќи целиот приход кој што го собира општината се вложува во Ростуше, а со ова темпо велат, од Маврово нема ништо да остане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.