Советот за безбедностутре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На седницата Советот се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19, откако вчера Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до претседателот дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.

На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на фејсбук-страницата на претседателот и на неговиот јутјуб-канал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.