Советот за безбедност на Република Македонија ќе одржи седница на која ќе го разгледува ширењето на епидемијата на Ковид-19.

Седницата ќе се одржи во „Вила Водно“ со почеток од 11 часот.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски, освен редовните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Кабиетот додаваат дека на оваа деветта седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.