Советот на јавни обвинители на Македонија на денешната втора седница се очекува да донесе одлука за избор на свој заменик претседател.

Како што информираат од Советот, на дневниот ред на седницата се и неколку други точки, меѓу кои и точката за донесување на одлука за објавување на оглас за избор на јавни обвинители во ВЈО Скопје.

Воедно, во следните недели Советот треба да донесе одлука за избор на петте нови јавни обвинители кој ќе бидат дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.