Потсетувајќи на Солунската агенда и декларациите од Софија, Загреб и Брдо, Советот ја повторува недвосмислената поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан.
ЕУ дополнително ќе го зајакне и интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, вклучително и преку континуирана помош заснована на опиплив напредок во владеењето на правото и социо-економските реформи, како и на придржувањето на партнерите кон вредностите, правилата и стандардите на ЕУ.
Во овој контекст, Советот со нетрпение очекува имплементација на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, како и на Зелената агенда за Западен Балкан. Со цел дополнително заживување и зајакнување на политичкиот дијалог со регионот, Советот го поздравува одржувањето на самитите ЕУ-Западен Балкан како редовни настани.
Советот со нетрпение го очекува одржувањето на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија што е можно поскоро, по одобрувањето на преговарачките рамки од страна на Советот.
Турција останува земја кандидат и клучен партнер во многу области од заеднички интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.