Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објавуа дека владиниот советник Љупчо Зафировски изнесува лаги во допис до Антикорупциската комисија, а парите кои од државната каса ги прима на српска сметка бидејќи во Македонија има долгови.

Писмо до Антикорупциската комисија од вработени во влада кои укажуваат дека: 1. Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, со специјални контакти со кабинетот на францускиот претседател Макрон, лаже дека живее во Париз, како што излажа и премиерот Заев.

2. Љупчо Зафировски поради долгови кон доверители во Македонија, нема никаква сметка во државава, па месечната плата од 1. 200€ му се исплаќа на сметка во Србија, што кон доверителите е кривично дело измама кое го прави советникот, а Премиерот е соучесник 3. Советникот со примањето на плата надвор од Македонија веројатно го избегнува и плаќањето на данок во Македонија! 4. Ангажирањето на вакви советници е срам за Македонија и навреда за Франција!, пишува Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.