Извесен Леон Бакрачески, кој се претставува како советник на премиерот, се пресметува со мизогини коментари со Софија Куновска“, пишува на Фејсбук Бобан Карапејовски.

Актерката Куновска, поранешна претседателка на Градската организација на СДСМ, сподели еден од коментарите во кои Бакрачески ја окарактеризирал како неморална.

„Освен што тоа има врска со проблеми со машкоста, таквиот брутален начин на пресметка со неистомисленичка ме загрижува и во делот на општественото влијание на толку висок функционер. Ќе се извини или ќе биде разрешен?“, коментира Карапејовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.