Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, објави дека нивна сограѓанка, Агапи Чункоска, инаку член на Советот на Општина Крушево, починала од Ковид 19.

Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на Општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни одзеде уште еден живот.Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот, напиша Христоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.