Изминатиот месец откако стапија на сила измените и дополнувањата на Законот за заштита на наслението од заразни болести, Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) издаде околу 40.000 решенија на лица позитивни на вирусот ковид-19 и на лица контакти со позитивни. Само во последните четери дена доставени се 7.500 решенија за изолација, информираше денеска директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова-Бухова.
По средбата со вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, таа кажа дека ако се спореди оваа бројка со бројката од минатите месеци, ќе се види сериозноста на целата ситуација.
Сотирова-Бухова изјави дека инспекторите изминатите девет месеци се секојдневно на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, училишта, детски градинки, козметички салони, домови за стари лица.
Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе мониторираат какво било отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, почитувајќи ги протоколите прво се заштитуваме себе си, но и овозможуваме на здравствениот систем да истрае, рече Сотирова-Бухова.
Според Николовски, инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка за спречување на ширење на коронавирусот.
Повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања, порача Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.