Вчера и денеска во Софија се одржува редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско – бугарската државна граница.

На средбата беа разгледани реализираните активности во врска со изработката на граничната документација од Гранична пирамида 72 до Граничната пирамида 106, како и активностите за извршеното чистење на потегот од 3 метри од македонско-бугарската државна граница и определувањето на координатите на граничните пирамиди и граничната линија од Граничната пирамида 1 до Граничната пирамида 50, а воедно беа договорени и активностите кои треба да бидат превземени од страна на Мешовитата комисија во 2019 година.

Наредниот состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница ќе биде одржан во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.