Српскиот „крал“ на органската храна, Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, е уапсен во својата матична земја, меѓу другото и за незаконско одгледување марихуана. Случајот ја „тресе“ српската политичка јавност, а веќе има изјави дека и фирмата на Колувија во земјава била дел од сомнителните бизнис операции, пренсува „360 степени“.
Според македонскиот Централен регистар, Предраг Колувија има сопствеништво во три фирми во Македонија. Една од нив е „Бул-билдинг“ од Струмица, компанија која има дозвола од владата за одгледување на канабис за медицински цели.
„Бул-билдинг“ не е основана од српскиот бизнисмен, туку тој влегол во нејзината сопственичка структура во март 2019 година, а негови актуелни партнери во Струмица се една компанија – „Минстрој Холдинг“ и две физички лица – Александар Пиперевалиев и Горан Крстев.
Вториот партнер на Колувија во „Бул-билдинг“, Горан Крстев, е познат бизнисмен од Струмица и пријател на семејството Заеви.
Целата анализа на 360 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.