Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи денеска се сретна со Моника Сандри, претставник на УНХЦР во Скопје.

На средбата ги потврдувме заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, а во таа насока и завршување на консултациите околу изготвување и достава на предлог годишната програма за соработка за 2020 година, надградбата на ИБАС системот за постапување по предмети за азил, како и финализирањето на постапката за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу МВР и УНХЦР.

Соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР мора да продолжи, а со личниот придонес и ангажман ќе дадам поддршка во остварувањето на таа цел, соопшти Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.