Сопственикот на фирмата „Еко клуб“, Сашо Јанакевски излезе со официјално соопштение за да одговори на сите критики од страна на власта тој дематира дека е близок до било која партија и оти неговата фирма работи веќе 20 години и досега никој не пријавил неправилности во нивната работа

 „Еко Клуб“ постои од 1990 година, деловно опстојува на комерцијалниот пазар и била предмет на најстроги контроли од сите надлежни институции и во периоди на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и на СДСМ. Досега, ниту еден инспекциски надзор од ниту една државна институција не утврдила неправилности во најсовремената методологија за собирање, транспорт и третман на неопасен комунален и опасен – медицински отпад, која во компанијата се практикува секојдневно и е под 24 часовен задолжителен, законски видео надзор и мониторинг-вели сопственикот.

Тој демантира дека е поврзан со било која партија и оти досега слушнал многу невистина дека соработувал со многу политичари.

Сметам дека во едно демократско општество компаниите не смеат да се делат партиски, особено затоа што учествувале и добиле јавни набавки во периоди на владеење на различни партии. Под целосна морална, материјална и кривична одговорност јавно тврдам дека не сум, ниту сум имал потреба, ниту пак сум сакал да бидам дел или „близок“ на некоја политичка структура. Во изминатиот период за себе сум се изнаслушал многу невистини, од тоа дека сум бил логистика за бегството на поранешниот Премиер, Никола Груевски, до шпекулациите дека уживам заштита од претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан-додава Јанакиевски.

Сепак најстрашни му се обвинувањата дека  го ризикувал здравјето на граѓаните .

Бидејќи, имам намера правдата да ја истерам до крај, а истовремено за да нема дополнителни шпекулации дека наводно се затскривам или ја злоупотребувам должноста Почесен Конзул на Република Унгарија во Република Македонија, вчера ја известив Амбасадата на Република Унгарија дека поднесувам неотповиклива оставка од оваа должност. Ја користам приликата да ги охрабрам сите надлежни институции до крај да ги расчистат сите околности во врска со обвинувањата на политичките партии-посочува Јанакиевски.

Компанијата „Еко Клуб“ од пред извесен период има доминантен странски инвеститор од Сојузна Република Германија, земја членка на ЕУ и во моментот кога ќе добие овластување/полномошно од стратешкиот инвеститор – мултинационалната компанија „Ремондис“ со седиште Лунен, Германија,  тој ќе ја запознае јавноста ќе биде со сите факти, мотиви и причини за хајката која се води кон мене и „Еко Клуб“.

Затоа, се извинувам на јавноста и медиумите што и покрај сите нивни напори да добијат мој став, не можев да одговорам заради објективните околности. Во меѓувреме, мојот правен тим ги презема сите неопходни правни чекори за да ги заштити интересите на компанијата. Нема да дозволиме со невистини и конструкции да бидеме предмет на препукување на политичките партии кои во недостаток на визија за реално справување со загадувањето на амбиенталниот воздух, најлесно им е да си најдат надворешен виновник-потенцира сопственикот на „Еко клуб“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.