Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, ќе биде во избирачки одбор за гласање на лица болни од КОВИД-19 и граѓани кои се во самоизолација, објави СДК.
Ѓорѓиевска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.
На овие предвремени парламентарни избори поради пандемијата на КОВИД-19, болните ќе гласаат два дена, така што во понеделник ќе се спроведе гласање за лица позитивни на коронавирус и оние кои се во изолација, додека во вторник ќе гласаат болни и изнемоштени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.