Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во Скопје пристигна заедно со сопругата, Бети Базиана, која претпладнево положи цвеќе на гробот на Алексис Зорбас на скопските гробишта Бутел.
Веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром, таа приватно го посети гробот на Алексис Зорбас, херој на книгата на Никос Казанѕакис, јавуваат грчки медиуми.
За годините на Зорбас во Скопје (1930-1941) има збунувачки податоци.Од потврдените настани, Зорбас отишол во соседна земја со ќерката на Катина, која потоа се омажи за Јован Јада.
Зорбас, по неговата смрт во Скопје во 1941 година, првично бил погребан на старите гробишта јужно од градот Скопје. Подоцна, неговите двајца внуци, децата на Катина и Јован Јада, ги пренесоа коските на семејна гробница на гробиштата Бутел, каде што почивале нивните родители
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.