Сопругата на Стојанче Ангелов, Јасминка се пожали дека нејзиниот сопруг со денови ниту јадел ниту пиел.

Таа  на Фејсбук вели дека Стојанче немал време за храна и вода поради тоа што таа е загрижена за својот сопруг кој имал и здравствени проблеми.

Мојот сопруг излезе вчера рано наутро во истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави. Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено. Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80% воен инвалид, исечен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа. Со тастатурно војување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата, напиша сопругата на Ангелов, Јасминка.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.