Истото возило и бункерот и килажата на запленетата дрога во декември 2016 година се забележани во соопштение на Царинската управа за заплена. Во тој период технички министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

На граничниот премин Блаце царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 32,5 килограми марихуанa.

На 2 декември 2016 година, околу 20:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце, пристигнало патничко моторно возило марка „Chraysler Voyager“ со шведски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Т. државјанин на Кралството Шведска.

На прашање  на царинските  инспектори „дали има нешто да пријави за царинска контрола“, осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување.

Царинските инспектори се посомневале во одговорот и пред да пристапат кон детална контрола на возилото, го искористиле царинското куче кое детектирало присуство на наркотична дрога во возилото

При прегледот на возилото, во специјално конструиран простор наменет за пренесување на дрога, затворен со метален поклопец, биле пронајдени вкупно 61 пакување наполнети со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 32,5 кг. Помеѓу опаковките било истурено кафе и ориз, додека бункерот бил премачкан со непозната течност, со намера да се прикрие миризбата на марихуаната.

Осомничениот за паричен надомест од 10.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Тирана-Албанија за Малме – Шведска. Вредноста на запленетата марихуана на западно европскиот нарко – пазарот би достигнала цена од околу 100.000 евра.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство , стои во тогашното соопштение до јавност од Царинската управа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.