Тетово обоено црвено-црно. Македонското знаме никаде го нема. Денеска дефиле со автомобили со албански знамиња, накитени згради, тераси, кафулиња, улици. Јарболите преплавени со знамиња. Тетово на големо го слави Денот на албанското знаме.

Ако до лани, на јарболите низ центарот на Тетово, државното знаме го имаше барем на 2-3 места, годинава го нема воопшто. Се вее само, албанското знаме.

Тетовци се поделени во своите мислења,околу одбележувањето на денот.За некои погрешно е што го нема знамето на Република Македонија, за други не е.

За Денот на албанското знаме, сликата во градот под Шара веќе со години е ваква.Но, досега никој не одговараше за ова кршење на Законот за употреба на знамињата на заедниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.