Бугарскиот парламент официјално го рафикуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО. Ратификацијата беше изгласана едногласно од страна на 139 пратеник, но во пленарната сала не беше присутен ниту еден пратеник од опозицијата.

Според вицепремирката и министерката за надворешни Екатерина Захариева, придружувањето на Македонија кон НАТО е историски за Алијанса.

Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева. Таа посочи дека политиката на проширување на нато се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.
На пленарната седница присуствуваше и спикерот, Талат Џафери кој е во официјална посета на Бугарија.

Тој имаше средбта со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Македонија за европските и евроатлантските инетеграции. Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.