Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово.

Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Македонија за смртоносниот пожар во модуларната КОВИД болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген.

Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово агинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.