Уште еден обид спротивно на статутот дасе донесе закон во Собранието. Според информациите кои доаѓаат од републичкото Собрание на нелегален начин е продолжена собраниската седница која требаше да заврши во 18 часот а пратениците од опозицијата коментираат дека целта е да се „шверцува противуставниот Закон за ГА МА, со кој на Макпетрол ќе се плати 33 милиони евра оштета, за акции кои вредат двојно помалку. Иако цел ден пратениците работеле по 19. седница сега не статутарно се продолжува додека не се исцрпат сите дискусии.

Откако ќе се исцрпат сите дискусии од 19. седница треба да започне 20. седница на која што една од точките е за ГА МА. Пратениците коментираат дека целта е ваквата одлука да се донесе преку ноќ за да не се крева голема фама во јавноста.

Ова што се прави вечерва во Собранието е со цел да се прошверцува Законот за ГАМА, односно целта е да се исфорсира по секоја цена исплата на близу 33 милиони евра на Макпетрол како против услуга за провладината пропаганда која телевизија Телма ја вршеше за време на изборите!- коментираат пратениците од опозицијата.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дава напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, информираат од Центарот за комуникации на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.