Собранието по кратка постапка ја прифати оставката на Весел Мемеди на функцијата заменик-претседател на Собранието. Тој веднаш по констатираната оставката во законодавниот дом рече дека се чувствува разочаран од лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и шефот на Владата, Зоран Заев.
Мемеди е претседател на НДП, барем засега еден од помалите коалициони партнери во владеачкото мнозинство и има само еден пратеник во Собранието.
Мемеди не е во добри односи со СДСМ и ДУИ откако во владината реконструкција беше одлучено единствениот министер од оваа партија, Сухејл Фазлиу, да биде разрешен во ресорот локална самоуправа и да биде замент со Горан Милевски од ЛДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.