Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен.
Ве информирам дека ќе продожиме со работа и по 18 часот, што значи дека од овој момент, по продолжението во 18 часот, ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието – рече Џафери, на што некои од пратениците се смееја.
Претседателот Џафери повика сите пратеници да бидат во салата на продолжението од седницата бидејќи претходно половина од нив не беа внатре.
Пауза до 19 часот, а потоа ги замолувам координаторите, фејсбук-мајсторите да бидат овде, а не да шетаат. Да бидат овде, а режијата да си ја прикаже салата, а не да држат предавања на Фејсбук. Овде да дојдат на постојано заседание од 19 часот – додаде Џафери.
Според ваквата најава, пратениците без прекин ќе работаат до недела на пладне кога и треба да се распушти Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.