Со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, пратениците на денешната седница во Собранието донесоа одлуката за прогласување кризна состојба на јужната и на северната граница заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.
Изгласувањето на оваа одлука следува откако истата вчера помина едногласно во Комисијата за одбрана и безбедност.
Двајцата пратеници од мнозинството се враќаат на работа – без скафандер, ама со кривични пријави од опозицијата
Покрај оваа, се донесоа и одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.
Седницата е во тек, а на дневен ред се и предлог-измените во Законот за здравствената заштита, со кои се ограничува сумата што ќе ја плаќаат граѓаните во приватните болници, како и се забранува преминување на кадар од јавното во приватното здравство во време на кризна состојба.
Како последна точка од дневниот ред е и интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од Алијанса за Албанците и Алтернатива поради бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираше за интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Тие беа повлечени од дневниот ред на претходната седница, па бараше да бидат ставени на оваа, додека претседателот Талат Џафери, пак, беше на ставот оти тие се повлечени од процедура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.