Собранието на денешната седница со двојно мнозинство ги донесе Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Министерот за образование Арбер Адеми изрази задоволство од конструкитвната дебата која се водеше по овој закон. Тој во образложението рече дека во предлог-законот се опфаќаат кредибилни анализи на кредибилни институции како што е ОЕЦД и УНИЦЕФ, а содржи новини коишто се во интерес пред се, на учениците, но и на сите други коишто се инволвирани во воспитно-образовниот процес.

Учениците од прво до петто одделение, од септември на часовите по физичко образование ќе имаат по двајца наставници – освен одделенскиот, и неговиот колега по физичко образование.

Сигурно е дека овој предлог-закон го подобрува квалитетот на воспитно-образовниот процес, наставата, зајакнување на вредностите во образованието, во фокус ги има и учениците со посебни образовни потреби, а содржи и новини во однос на организирање на учениците, нивното учество проактивно во создавање политики во училиштата во коишто се запишани и каде што ја следат воспитно-образовната настава, како и во однос на елиминирање на партиско – политички влијанија во образованието. Исто така се предвидува новина и во однос на поддршката која што им се дава на учениците и на родителите во однос на нивната професионална ориентација, наставници за организирање на физичкото образование и спорт, постигнување на професионални стандарди коишто ќе треба да ги постигнат учениците при секој период на нивното образование. Исто така, новини има и во однос на квалитетот на исхраната, нутритивните аспекти и многу други новини. Имајќи ја предвид целата конструктивна расправа која што ја имавме овие денови, посакувам сите пратеници да дадат зелено светло како што и доликува да се донесуваат сите закони од областа на образованието – рече Адеми.

Без расправа беше донесен Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.