Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот пратеник во Собранието на Република Македонија, откако досегашниот пратеник Дарко Костовски успеа да ги добие локалните избори уште во првиот круг. Костовски се повлекува од функцијата пратеник, а ќе ја извршува функцијата градоначалник на Општина Бутел. Коцевски пак, кој беше на осмата позиција на листата на кандидати за пратеници во втората изборна единица сега ќе влезе на местото на Костовски.

Парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ добива уште една измена. Тимчо Муцунски е новиот градоначалник на Аеродром. На местото на Муцунски во Собранието влегува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ кој исто така беше на осмата позиција на кандидатската листа во првата изборна единица.

И Иван Јорданов од Штип ја напушта пратеничката функција. Тој е новиот градоначалник на Штип, а овој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ успеја да издејствува победа во првиот круг освојувајќи ги мнозинството гласови. Во третата изборна единица следен на листа е полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде новиот пратеник.


И во СДСМ ќе има одредени измени. На местото на Коста Костадинов од СДСМ, кој е избран за нов градоначалник на Струмица доаѓа Љубица Спасова од СДСМ, која била 12-та на листата на таа изборна единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.