Преку онлајн петиција за рекордно време се собрани 1800 потписи за разрешување на професорката Билјана Ванковска поради поттикнување на говор на омраза преку Фејсбук статус. Петицијата ја започнал активистот Ваљон Елези, два дена по трагичната несреќа кај селото Ласкарци, во која животот го загубија 15 лица.
Тој веќе ја доставил петицијата до Архивата на Министерството за образование, објави ТВ21.
Мислам дека е легитимно и законско право да доставам барање и мислам дека институциите со одлуките кои ќе ги донесат нема да ја засегнат автономијата на Универзитетот. Реакциите беа такви кон Ванковска бидејќи таа ширеше говор на омраза, изјави активистот Ваљон Елези.
Елези упати апел до министерот за образование Арбр Адеми со ингеренциите што ги има да ја отстрани професорката од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Адеми денеска не сакал да зборува за ова прашање, но два дена по објавениот статус на професорката Ванковска, изјави дека е шокиран од нејзиниот гест.
Ние сме шокирани од таквиот пост на професорката Ванковска, секако дека веднаш реагиравме кажувајќи го нашиот став дека осудуваме секаква изјава која сее омраза. Секако дека таквите изјави не носат ништо, освен што влијаат да се предизвикаат нови поделби. Ние апелиравме и секако дека ќе преземеме мерки како Министерство за образование и наука во рамки на нашите законски надлежности, да има одговорност за овој случај, изјави Адеми.
Дента кога се случи автобуската несреќа Ванковска на Фејсбук напиша: „Каква трагедија и иронија – Карпалак“.
извор: ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.