Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии.

 

Како и секоја година, централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

И покрај пандемијата, мерките и препораките за спречување на коронавирусот, голем број на верници се собраа во скопскиот соборен храм.

Дел од нив со маски, но ги имаше и оние без никаква заштита на лицето ја слушаа богослужбата. Голем број верници традиционално запалија свеќа за здравје во дворот на црквата, но ги имаше и такви што и покрај здравствениот ризик решија да се причестат од една лажичка, симнувајќи ја маската и за бакнувањето на светиот крст.

Еве како помина денешната богослуба:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.