Генерлниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека уште 17 дена му останаа на премиерот во заминување, до формирањето на техничка влада.

Завршува тажна и мачна епизода која ја преживува Република Македонија, од која мораме да извлечеме поуки и да станеме посилни, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Тој потенцира дека по разговорите со граѓаните низ многу градови во државата проблеми има многу.

И ова што сега го констатирам е заклучок од „Разговорите за Обнова на Македонија“, акција преку која поминавме низ секој град во земјава, дискутиравме за проблемите и баравме решенија. Овој напатен народ не е прашан, ниту слушнат од Власта, а проблеми има премногу.

Македонија стана држава во која владеат измами и рекети, се газат принципите, поразите како нација ни станаа секојдневие, а неправдата и криминалот силно ја гушат секоја пора преостаната слобода. Премногу млади и добри луѓе ни ја напуштаат државата поради лошиот живот, а се покажа дека проблемите не познаваат ниту вера или нација, тие се заеднички.

Но, затоа и нашата грижа е заедничка, Македонија има надеж.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто верува дека заедно, еден до друг, сложно ќе донесеме Правда, Победа, Промени, Принципи, а сето ова ќе значи Обнова на Македонија.

Ве поканувам во Сабота, на 21 декември, со почеток во 14:00 часот, во салата Јане Сандански на Собир со една порака: ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА! Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што веруваме и се бориме за заедничката иднина. И затоа што ќе победиме заедно!, пишува Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.