Власта ја користи зелената боја за да ја замачка својата неспособност, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската апртија велат дека освен зелената такса од нови 4,13 денари за секој литар гориво, планира и нов зелен данок.

Изгледа зелената такса на горивата, која всушност е кризен данок, не е доволна да го пополни недостигот на пари, па затоа сега се покачуваат даноци и се измислуваат нови кои ќе удрат по џебот на граѓанинот, кои ќе го дотепаат стопанството, кои ќе го доуништат стандардот и кои ќе ја зголемат сиромаштијата.

Според оваа партија зелените давачки се резултат на досегашната погрешна економска политика на власта на Заев.

Откако Заев е на власт, во Македонија има 6.200 затворени компании и 60.000 нови невработени за една година, бројот на сиромашни лица е околу 600 илјади, долгот достигна над 7 милијарди евра од кои 2,4 милијарди евра создадени само во последните 4 години. За овие 4 години потрошени се историски највисоките буџети или вкупно скоро 15 милијарди евра а нема направено ништо. Реализацијата на капитални инвестиции цело време е катастрофална, а таква е и оваа 2021година кога за 6 месеци се реализирани само 27%. Парите одат на мебел, возила, партиски вработувања, дебели хонорари, наместени тендери и какви ли не други луксузирања на власта на Заев. Како да им беше малку ова до сега, па на народот му наметнуваат нови такси, даноци, арачи и давачки префарбани со зелена боја од кои граѓаните ќе осиромашуваат, а власта ќе се гоштева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.