Во однос на тоа кога може да очекуваме намалување на ширењето на вирусот, епидемиологот Микиќ истакна дека може да очекуваме дека ќе има некое намалување во летните месеци но, како што рече би бил многу внимателен околу овие прогнози затоа што не можеме со сигурност тоа да го тврдиме.
-Гледаме дека и во земји каде е потопла клима сепак се пренесува вирусот иако би требало кога другите респираторни вируси во северната хемисфера кај што имаме умерена клима во летните месеци да се намали ширењето. Но ова е само претпоставка која треба да видиме дали ќе се оствари кога ќе дојдат топлите месеци. Животот секако дека ќе се врати во нормала, но тоа нема да се случи одеднаш туку етапно, со оглед на бројот на заразените од коронавирусот, додаде епидемиологот Владимир Микиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.