Процесот на носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува на Алфа ТВ.
Мицкоски посочи дека преку Законот за ЈО поранешниот премиер Зоран Заев се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали.
И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста по 12 април, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека она што се случува денеска во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом.
Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува. Односно власта бара начин како да се добие глас повеќе. Зошто се случува ова? Затоа што не е поради квалитетот на законот, и онака овој закон треба да биде ефективен таму по 30 јуни 2020 година. Тој нема да стане веднаш ефективен туку за повеќе од 4 месеци, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.