Министерката за образование и наука Мила Царовска им посака успешна учебна година на учениците, наставниците и родителите. По пауза од 52 недели, учениците во Макеоднија се вратија во училишните клупи, откако во март 2020 година поради пандемијата со ковид-19 беа затворени сите образовани институции. Лани учебната година почна со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение, со еден месец задоцнување, на први октомври.

Верувам дека со враќањето на физичката настава во училиштата ќе биде полесно за сите, смета Царовска.

Новата учебна 2021-2022 година започнува на 1 септември со отворени училишта за сите ученици.

На сите ученици им посакувам успешен почеток, многу нови знаења, достигнувања и успешно заокружување на уште една етапа од животниот пат. Имајте верба во себе, не се откажувајте од зацртаните цели и запомнете дека образованието е најважната ваша инвестиција во животот. Имате поддршка од наставниците и најважно, од вашите семејства и блиските. Честитки и голема благодарност до сите родители и старатели за посветеноста и придонесот за успешна реализација на наставата во услови на пандемија. Верувам дека со враќањето на физичката настава во училиштата ќе биде полесно за сите“, вели Царовска.

Успешна работа министерката им посакува и на раководствата, наставниците, стручните служби и сите други вработени во училиштата.

Наставниот кадар е најважната алка во воспитно – образовниот процес. Од вас најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат. Измина една година од мојот мандат. Заедно изработивме многу, но и уште повеќе останува да се сработи. Вие сте носители на промените кои заедно ги создадовме и од кои очекувањата се високи. Верувам дека ќе дадете максимум за да ги постигнеме зацртаните цели. Влогот и досегашниот труд се големи, а интересот е заеднички, вели Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.