СДСМ подготвува легален масовен поткуп на граѓаните пред изборите, за кои ќе направи сè за да бидат во јуни, па и по цена на здравјето на граѓаните. Тоа најдобро се гледа во нивниот ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември, сè со цел да собери поени од „помошта“ за економијата и граѓаните, и да обезбеди потесен пораз.
Од сè што досега (не) направија, најочигледнен потег за поткуп се последните најавени мерки на Зоран Заев, односно ваучерите и платежните картички, за кои бара начин да ги прикаже како помош, а не како легално плаќање за глас.
Потврда за тоа дојде и од самиот претседател Стево Пендаровски, кој вчера ја призна дека вистинската причина за продолжување на вонредната состојба. Иако Комисијата за заразни болести предложи продолжување поради заштита на здравјето на граѓаните, самиот Пендаровски рече дека потпишал вонредната состојба бидејќи сега е потребна исклучиво за справување со економските ефекти поврзани со Ковид-19, со што директно се злоупотребува Комисијата.
Полтроните на Заев прво донесоа „револуционерни“ мерки, па наместо директо да помогнат врз сите погодени мали бизниси, а со тоа и на граѓаните и економијата, понудија бескаматни кредити, за потоа да понудат и надоместок во висина од миниамлната плата, за чие користење условите неколкупати го променија. Во стилот на нивниот лидер.
И покрај овие „мерки“, голем дел од компаниите кои стагнираа во последните два месеца, веќе нема да се отворат.
Сега, токму пред избори, Заев и СДСМ нудат пакет мерки за директен груб еднократен поткуп казнив со закон.
Еве како Заев сака да легализира поткуп на граѓани пред избори:
1. Домашна платежна картичка од 150 евра за ранливи категории и семејства со помали приходи погодени со ковид (вредност 18 мил. ерва).
Но, најавената мерка остава простор за многу малверзации, на пример:
• Во насловот мерката е за ранливи категории и за семејства со помали приходи погодени со Ковид, нема податоци од каде ќе се парите кои ќе се дадат.
• Кој ќе ја издава картичката – која компанија (домашна фирма или банка?) и кој ќе носи трошокот за издавање? Не е буџетиран трошокот.
• Бесплатно инсталирање на пос-ови за сите што немаат – но ме кажуваат кој ќе го понесе трошокот за пос-овите и за инсталирањето (државата и дали ова е калкулирано во буџет), дали државата ќе им плати на ИТ компаниите за тоа и дали тоа не е нов бизнис.
• Се вели ќе се помагало купување домашни производи во маркети – како ќе се знае дека се домашни купени производи ќе се гледа на фискалната сметка?.
2. Ваучери за туризам од 100 евра + домашна картичка од 50 евра (исто така вредност 18 мил. ерва)
Мерката е предвидена и најавена, но за неа нема предвидени пари во буџетот, што значи Заев брка гол популизам.
3. Ваучери за студенти и средношколци од 100 евра + домашна картичка од 50 евра (вредност од 12 мил. ерва).
Нема мерка за основци зошто тие не се гласачи.
Мерките се за борба од последиците од ковид а ќе даваат 120 м евра за стартап бизниси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.