Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге и сo претставници на СЗО.
Премиерот Заев информирал за 8.000 дози вакцини кои ќе пристигнат од Србија и кои ќе бидат наменети за сите здравствени и медицински работници, на кои заедно со претставникот на СЗО им упатиле јавна благодарност за покажаната хуманост и пожртвуваност во изминатите месеци додека трае епидемијата.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле истакнати напорите на СЗО, нејзините партнери и нашата земја за динамизирање на постапката за обезбедување на вакцини преку „Ковакс“ програмата, при што бил истакнат аспектот на почитување на основните вредности кои притоа се покажуваат, а тоа е пријателството и солидарноста на европските земји и земјите во регионот на Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.