Со Уредба не може да се одреди датум за избори. Во Уставот, поточно во членот 67, став 4 јасно е утрдено дека само претседателот на Собранието може да ги распише изборите.

Ваков е ставот на експертите што ти консултираше „Република“ откако вчера Владата го задолжи МВР да достави до ДИК листа на државјани кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите.

ДИК пак според Уредбата на Владата треба да ги впише овие лица во Избирачкиот список. За познавачите ова јасно покажува дека Владата свесно турка избори по секоја цена кршејќи го Уставот.

Тие нагласуваат дека со уредбата за дополнување на Уредбата за изборите се ускратува правото на увид во избирачкиот список и правото на кандидатура.

Јасно е дека Уредбата со законска сила има важност и применливост само додека трае вонредна состојба и кога завршува вонредната состојба уредбите немаат никаква важност во правниот промет.

Организирање на избори после крај на вонредна состојба е уставно возможно само според Изборен законик.Што се однесува до уредбата, во изборниот законик е предвидена посебна методологија за прочистување на избирачкиот список и тој не може да се дерогира со владина уредба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.