Штом премиерот Заев нарача, притвореничката напиша, Јовевски достави, односно одлучи да ги преземе предметите. Така што, „чипирано“ обвинителство и чипирано судство не може да гарантира право и правдина во оваа држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју дадено за МТВ 2.
Доколку погледате многу случаи во минатото каде што беа доставувани кривични пријави со еклатантни докази за кршење на законите од страна на опозицијата како што беше оној рекорден референдумски одѕив на некои избирачки места, потоа самата онаа афера што државниот јавен обвинител ја објави дека биле снимани обвинители и судии две години, дали вие сте слушнале нешто дека е преземено по тие две прашања? Дали се знае до каде се, дали имаме развој на настаните? Еве јас ќе ви одговорам, немаме, истакна Мицкоски.
Лиерот на ВМРО – ДПМНЕ додаде дека тој како човек и ДПМНЕ како партија, нема да прават компромиси со законите и Уставот, затоа што доколку доследно се почитувани на државата не и е потребно ново Пржино од кое ќе излезе друго СЈО кое што гледаме дека заврши со куфер полн со пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.