Лажна е веста која денеска Џабир Дерала, ја сподели преку својот портал „Фронтлајн“. Гласникот на СДСМ во порталот каде е главен уредник, сподели вест со наслов: „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од коронавирусот“.
На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот директор на Секретаријат за европски прашања и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумоски, како го прославува својот 40 роденден во широко друштво. Во позадина може да се види дека на прославата е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пишува Дерала.
Но, фотографијата која ја сподели Дерала, а со која ја лаже јавноста и создава паника во кризна ситуација, е доста стара. Дека се работи за лажна вест реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.